Линкови за пристапност

Турнеја на Џеј Зи и Канје Вест, нов хуманитарен проект на Бон Џови


Турнеја на Џеј Зи и Канје Вест, нов хуманитарен проект на Бон Џови
Турнеја на Џеј Зи и Канје Вест, нов хуманитарен проект на Бон Џови

Најнови музички вести од САД

Раперите Џеј Зи и Канје Вест денес ја започнуваат северноамериканската турнеја „Трон“ со настапот во Атланта, сојузната држава Џорџија. Тие го промовираат првиот заеднички албум - „Погледни го тронот“. Со 436 милиони продадени примероци само во првата недела од објавувањето, албумот се најде на првото место на Билборд-200. Турнејата содржи 32 концерти, од кои крајниот е на 18-ти декември во Ванкувер.

Турнеја на Џеј Зи и Канје Вест, нов хуманитарен проект на Бон Џови
Турнеја на Џеј Зи и Канје Вест, нов хуманитарен проект на Бон Џови

* * *

Фондацијата на Бон Џови отвори ресторан во Њу Џерси каде посетителите плаќаат онолку колку што можат да си дозволат, а остатокот го надоместуваат со тоа што волонтираат во кујната. Дури и оние кои воопшто немаат пари можат да добијат бесплатен оброк доколку помогнат во ресторанот на рок-ѕвездата или во собирниот центар за храна во рамки на неговата фондација.

„Кога разбрав дека еден на шест Американци секоја ноќ легнува гладен, знаев дека следниот чекор на мојата фондација ќе биде да направам нешто да помогнам во однос на тоа“, вели Бон Џови.

Paul Simon's "Songwriter" CD
Paul Simon's "Songwriter" CD

* * *

„Легаси рекордингс“ го објави двојниот компакт диск на Пол Сајмон, насловен „Кантавтор“. Се работи за колекција од 32 песни што прави преглед на неговата петдецениска кариера. На компилацијата има многу хитови, но и не така познати нумери на Сајмон.

XS
SM
MD
LG