Од Аљаска до Заливот на југ, Американците денес го слават Денот на независноста, 236-та годишнина од Декларацијата на независност од британското владеење.
Десетици милиони Американци ќе се поредат денеска за паради, ќе гледаат огномети, ќе одат на излет или на концерти. Во Вашингтон, стотици илјади лица ќе бидат присутни на Националното шеталиште на концертот и огнометот кој ќе биде телевизиски пренесуван на национално ниво.
Американскиот претседател Барак Обама ќе биде домаќин на годишното оддавање почит на армијата со пикник во Белата куќа и концерт од армискиот оркестар. Неговата ќерка Малиа денеска полни 14 години, но нејасно е дали на истиот настан ќе и` биде одбележан роденденот.
Огномети ќе има и на бојните полиња од војната во 1812-та и граѓанската војна од 19-от век. Слични манифестации ќе се одржат и во Филаделфија, првиот главен град на нацијата, Анаполис во Мериленд и Њујорк.
Декларацијата за независност од Томас Џеферсон од јуни 1776-та е најсветол симбол на слободата. Континенталниот конгрес формално го усвои документот неколку недели подоцна, на 4-ти јули.