Линкови за пристапност

Расте движењето против алчноста на корпорациите


Расте движењето против алчноста на корпорациите
Расте движењето против алчноста на корпорациите

Слични демонстрации се одржаа во неколку големи американски градови, вклучувајќи ги Бостон, Чикаго, Лос Анџелес

Протестното движењето продолжува да расте во САД, насочено против алчноста на корпорациите, социјалната нееднаквост и слабата економија.

Движењето почна во Њујорк пред две околу две недели под називот „Окупирајте го Вол Стрит“. Слични демонстрации се одржаа во неколку големи американски градови, вклучувајќи ги Бостон, Чикаго, Лос Анџелес и ширум средниот запад на САД.

Во саботата, повеќе од 700 демонстранти беа уапсени поради блокирање на сообраќајот на Бруклин Бриџ во Њујорк. Апсењата само ги поттикнаа протестите, кои секојдневно добиваат на поголема масовност и сила.

XS
SM
MD
LG