Линкови за пристапност

Нов почеток со 1/1/11


Нов почеток со 1/1/11
Нов почеток со 1/1/11

Самата нумерологија се бави со откривање на тајното.

Нумерологистката Патриша Киркман, автор на „Комплетен водич за идиоти по нумерологија“ вели дека бројот еден се означува само себеси, значи почеток, промена, индивидуалност. Но, тоа е само дел од поголемата слика.

„Во 2011-та, прв е бројот 2. Два е за партнерство, емоции, миротворство, или дури тајни“, вели Киркман.

Самата нумерологија се бави со откривање на тајното. Од антички, па се` до денешни времиња, луѓето ги проучуваат бројките, како датумот на раѓање, на пример. Некои култури многу полагаат во тоа, некои целосно го отфрлаат.

Киркман, која живее во сојузната држава Аризона, веќе 37 години се бави со нумерологија. Објаснува дека 2011-та, според бројките, ќе се однесува на доведување на нештата во ред, бидејќи збирот на броевите во годината изнесува 4. (2+0+1+1=4).

„Четири е квадрат. Четири налага се` да се заврши правилно. Влегуваме во година што носи порака – не ми е грижа што се случуваше минатата – тоа веќе не е битно. Во новата ќе бараме посолидна основа“, предвидува Киркман.

Така, пред да си дадете, прекршите или пак прескокнете новодишно ветување - 2011-та означува нов почеток и шанса да се исправат нештата, барем според нумерологијата.

XS
SM
MD
LG