Линкови за пристапност

2011-та пречекана, но прославата продолжува


2011-та пречекана, но прославата продолжува

Во Лондон, пак, се одржува 25-тата по ред Новогодишна парада, со над 8.000 музичари и останати изведувачи.

Прославата не заврши за милиони луѓе кои ја пречекаа 2011-та.

Часови откако останаа доцна да си посакаат среќна Нова година со музика и огномети, многумина се подготвуваат да проследат паради и други прослави.

И покрај студеното и дождливо време, илјадници Американци на првиот ден на 2011-та се собраа во Пасадена, сојузната држава Калифорнија, на годишната Парада на розите. Организаторите очекуваат над 700.000 посетители на 122-годишната традиција што е дел од градскиот Турнир на розите. На неа годинава ќе настапат 47 возила накитени со цвеќе и 22 оркестра. По неа следува финалниот Меч на розите – натпревар во американски фудбал.

Во Лондон, пак, се одржува 25-тата по ред Новогодишна парада, со над 8.000 музичари и останати изведувачи. Организаторите очекуваат половина милон луѓе.

XS
SM
MD
LG