Линкови за пристапност

Њујорк: снег и строги мерки на безбедност на дочекот на 2011-та


Њујорк: снег и строги мерки на безбедност на дочекот на 2011-та
Њујорк: снег и строги мерки на безбедност на дочекот на 2011-та

Безбедносниот аранжман секоја година се прилагодува на најновите разузнавачки информации, велат официјални лица.

Властите во Њујорк се подготвуваат за собирање на приближно еден милион луѓе на познатиот Тајмс сквер на дочекот на новата 2011-та.

Полицијата постави контролни пунктови, ги затвори подземните тунели и премини и инсталираше скенери за радијација и опасни хемикалии. Прославата ќе ја следи посебна мрежа на безбедносни камери. Ќе патролираат и единици со кучиња специјално дресирани за откривање на експлозив.

Полицискиот комесар на Њујорк Реј Кели изјави дека нема конкретна тереористичка закана, но дека властите се свесни дека ваквите прослави секогаш се потенцијална мета. Безбедносниот аранмжман секоја година се прилагодува на најновите разузнавачки информации, велат официјални лица.

Собирањето на Тајмс сквер е традиција уште од 1907-ма година, а централен настан е спуштањето на кристалната топка со која се одбележува пристигањето на новата година.

Годинава, таа е 3,5 метри широка и тежи 5.400 килограми.

XS
SM
MD
LG