Астрономите планетата ја нарекле HD 85512. Лоцирана е 35 светлосни години од Земјата.
Таа има 3,5 пати поголема маса од Земјината.
Лиса Калтенегер работи во Институтот за астрономија макс Планк во Германија и центарот во Харвард за астрофизика во Масачусетс:
“Планетата е карпеста. Потенцијално, наликува на нашата Земја“, вели таа.
HD 85512 ја открила Калтенгенер и тим астрономи од проектот за планетарно истражување или ХАРСП.
Користејќи ја јужната европска обсерваторија „Ла Сила“ и телескопот во Чиле, истражувачите на планети пронашле дека спаѓа во категоријата Б која орбитира околу своја ѕвезда – сонце, кое е малку помало и поладно од нашето, на растојание од 150 милиони километри. Тоа е скоро истата дистанца меѓу Земјата и Сонцето, ставајќи ја оваа планета во како што велат астрономите, во зоната каде може да има живот.
Астролозите веруваат дека планетата се наоѓа во зона каде може да има живот и се наоѓа на вистинска оддалеченост од сонцето, со што површината на планетата не е ниту премногу жешка, ниту премногу студена. Тие велат дека условите на планетата од типот Б наведуваат дека може да има вода, која е основа за постоење на живот.
Планетарните научници може да определат дали постои можност за живот со анализа на хемискиот состав на водата и разни гасови, како на пример, кислород, карбон диоксид, метан и озон.
Кружи околу својата ѕвезда на четвртина одалеченост на која Земјата орбитира околу Сонцето.
Планетата е карпеста и масивна, а научниците претпоставуваат дека температурата таму изнесува од 30 до 50 степени.
“Ако постои нешто како нашата атмосфера и ако постојат облаци како заштита тогаш, може, да се живее“, изјави Лиса Калтенегер од Центарот за астрофизика Харвард-Смитсониан во Германија.
Астрономите,сепак, предупредиле дека треба години и години набљудување и истражување пред да утврдат дека на оваа планета е возможен живот.