Линкови за пристапност

Се враќа вкусот на Њу Орлеанс


Се враќа вкусот на Њу Орлеанс
Се враќа вкусот на Њу Орлеанс

Во недела се навршуваат пет години откако ураганот Катрина остави длабока лузна во американскиот југ - однесе над 1.800 животи, предизвикувајќи хаос чии последици се чувствуваат до ден-денес. Најпогоден беше живописниот Њу Орлеанс. Ако се суди по џагорот во рестораните денес, чиј традиционален и основен зачин е гостопримството, тогаш Њу Орлеанс по пет години лечење на раните - е на вистинскиот пат.

Мери Лакости посекако знае како дише градот: работи како туристички водич во Њу Орлеанс веќе 15 години. Вели, пет години по Катрина, се` уште е свежо сеќавањето на траумата. Туристите често ја прашуват дали се вратиле бизнисите и духот на Францускиот кварт, најпознатиот и најжив дел на градот.

„Не толку брзо колку што би сакала. Продавниците што не беа поплавени отворија, но немаа работа. Мислам дека сега започна да им оди добро“, вели Лакости.

Мери ги води туристите по најпознатите ресторани во Њу Орлеанс. Во „Антоан“ вечерале голем број на познати - папи, претседатели, војводи и генерали. Сите сакаат да пробаат специјалитети на креолската кујна, вели Брајан Ландри, главен готвач во ресторанот Галаторе.

Базирана е на многу различни култури, но француската и шпанската се две предоминантни. Њу Орлеанс се смета за амалгам на различни етнички групи и кујни, раскажува Ландри.

Глобалната финансиска криза е причина туристите кои доаѓаат во Њу Орлеанс да трошат помалку. Но едно место секогаш е преполно: речиси 150 години старото Кафуле де Монд.

„Традиционално француско место за кафе во Њу Орлеанс. Во превод значи - кафето на светот, кафето на луѓето. Тука служиме кафе со млеко и багети“,Бартон вели Бенрад, еден од менаџерите:.

Ако се суди според долгите редиции, кафулето е добат знак дека Њу Орлеанс, градот познат по кујната, џезот и лежерната атмосфера, пет години по Катрина, е на вистинскот пат.

XS
SM
MD
LG