Линкови за пристапност

Најнискиот човек на светот - 67 сантиметри


Магар има само 6, 5 килограми. Кога се родил, бил тежок само 600 грама.

18-годишен син на продавач на овошје од Непал и официјално е прогласен за најнизок човек на светот. Според претставници на Гинисовата книга на рекорди, Каџендра Тапа Магар е висок 67 сантиметри и е три сантиметри понизок од досегашниот рекордер - Колумбиецот Нино Хернандез.

Церемонијата на доделувањето на сертификатот за рекордот за Гинис се одвиваше во хотел во Покхара, градот од кој потекнува Магар и популарна туристичка дестинација западно од Катманду.

Тој исто така доби подароци за неговиот 18-ти роденден и танцуваше на звуците од играчка-тапани.

Магар има само 6, 5 килограми. Кога се родил, бил тежок само 600 грама.

Веќе е дел од танцувачка екипа, кога не им помага на своите родители околу продавницицата со овошје. Се чувствува подготвен да се справи со зголемениот медиумски интерес што доаѓа заедно со новата гинисова титула.

Следната година ќе биде амбасадор на добрата волја, во време кога неговата земја ќе ја слави непалската Нова година.

XS
SM
MD
LG