Линкови за пристапност

Победи на Клиперс и Спурс


Плеј-оф натпревари во НБА

Лос Анџелес клиперс поведоа со 3:1 против Мемфис гризлис во плеј-оф натпреварите од Западната конференција во НБА. Во неизвесен натпревар што беше решен дури во продолжение, Клиперс извојува победа со 101-97. Најпрецизен на мечот беше Блејк Грифин со 30 поени.

***

Сан Антонио спарс е на чекор да ја елиминира Јута џез. Со синќешната победа од 87:81 води со 3:1 во првото коло на плеј-оф натпреварите. Ветераните, Ману Гинобли со 17 и Тим Данкан со 11 беа најзаслужни за триумфот врз Џезерите.

***

Денес играат Денвер нагетс - Лос Анџелес лејкерс, Филаделфија 76-сиксерс – Чикаго булс, Орландо меџик – Индијана пејсерс и Бостон селтикс – Атланта Хоукс.

XS
SM
MD
LG