Линкови за пристапност

Бруклин се избори за мајсторка


Бруклин се избори за мајсторка
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:44 0:00

Бруклин се избори за мајсторка

Чикаго не ја искористи предноста на домашен терен

Во најинтересниот синоќешен меч од плејоф натпреварите во НБА, Бруклин нетс се избори за мајсторка со победата против Чикаго булс со 95:92. На гостинскиот терен во Чикаго блескаа Џо Џонсон, Брук Лопез и Дерон Вилијамс - сите постигнаа по 17 поени. Кај домаќините, најпрецизен беше Луол Денг со 22 коша. Следниот, одлучувачки натпревар во серијата „најдобар од седум“ ќе се игра во сабота во Бруклин, Њујорк.

Во вториот дуел, Голден стејт вориорс со големата поддршка од громогласната домашна публика ги порази Денвер нагетс со 92:88 и со 4:2 се пласира понатаму. Андре Игуала од Нагетс беше најпрецизен со 24 поени и 9 скока, но недоволно за пресврт и победа. Следен противник на Вориорс се Сан Антонио спурс.

Денеска играат: Њујорк никс - Бостон селтикс, Индијана пејсерс - Атланта хокс, и Лос Анџелес клиперс - Мемфис гризлис.
XS
SM
MD
LG