Во синоќешните натпревари, Марк Гасол со 23 и Зак Рандолф со 19 поени им помогнаа на Мемфис гризлис да избегнат елиминација од Лос Анџелес клиперс во плеј-оф натпреварите од НБА и да ги поразат гостите со 92-80. Следниот меч се игра во Лос Анџелес, а резултатот е 3:2 за Клиперс во серијата најдобар од седум натпревари.
Мајами хит со синоќешната победа од 106-94 се пласираа во понатамошното натпреварување и ги елиминираа Њујорк никс. Кај домаќините најпрецизни беа Леброн Џејмс со 29 и Двејн Вејд со 19 поени. Кармело Антони од Никс имаше блескава ноќ со 35 коша, но сепак недоволно за пресврт.
Денеска играат Лос Анџелес лејкерс – Денвер нагетс, Чикаго булс – Филаделфија сиксерс и Атланта хокс – Бостон селтикс. Лејкерс, Нагетс и Хокс се на дофат на пласман во полуфиналето на плеј-оф разигрувањата.