Линкови за пристапност

Далас шампион на НБА


Далас шампион на НБА
Далас шампион на НБА

Подобар од Мајами со севкупен резултат од 4:2; Дирк Новицки најдобар играч во финалето.

Далас стана шампион на НБА. Екипата од Тексас синоќа го победи Мајами на домашен терен со 105:95 и по првпат во клупската историја ја освои титулата со севкупен резултат од 4:2.

Дирк Новицки од Далас беше прогласен за најдобар играч во финалето. И покрај проблеми со настинка и алергии и прецизност пониска од вообичаената, тој постигна 21 поен, а имаше и 11 скока. Новицки забележа 10 поени кога беше најпотребно – во четвртата четвртина, со тоа спречувајќи го обидот на Мајами да се врати во игра. Исклучително прецизен кај Далас беше Џејсон Тери со 27 поени.

Мајами во овој решавачки натпревар не успеа да ја наметне својата игра со доминација под кошовите, брзи контранапади и убиствена прецизност. Леброн Џејмс постигна 19 поени. Екипата од Флорида важеше за фаворит, но ѕвезденото трио Џејмс-Двејн Вејд-Крис Бош во финалната серија не покажа шампионска игра.

Ова беше посебно слатка победа за Дирк Новицки и Џејсон Тери, кои беа во екипата на Далас што играше во финалето во 2006-та година, исто така против Мајами. Тогаш Далас поведе со 2:0, но ги загуби наредните четири.

XS
SM
MD
LG