Дури ни Коби Брајант не можеше ништо да стори - Бостон селтикс во гости го победи Лос Анџелес лејкерс со 103-94 во вториот натпревар од финалето на Националната кошаркарска асоцијација. Со тоа резултатот е израмнет на 1–1.
Реј Ален кај Бостон беше немилосрден со дури осум тројки.
Следните два натпревара, и ако е потребно, три во најдобрите од серијата седум, ќе се играат во Бостон. Наредниот меч е во вторник. Ова е 11-ти пат како Бостон и Лос Анџелес играат во финалето на НБА.