Лос Анџелес лејкерс ги поразија Бостон селтикс со 102-89 во првиот натпревар од финалната серија во Ен-Би-Еј.
Коби Брајант постигна 30 поени а Пау Гасол уфрли 23 за актуелниот шампион. Кај гостите од Бостон, најпрецизен беше Пол Пирс со 24 поени.
Вториот натпревар од серијата најдобар во седум се игра в недела во Лос Анџелес.
Бостон и Лос Анџелес се среќаваат во финалето на НБА, втор пат во три години. Во 2008-ма, Селтикс ги поразија Лејкерси и станаа шампиони. Минатата сезона, Лос Анџелес доминираа против Орландо.