Линкови за пристапност

НБА: Орландо намали на 2:3 против Бостон


Станува се` понеизвесно во финалињата на Источната и Западната конференција

Орландо меџик го порази Бостон селтикс со 113:92 и избегна елиминација од натамошниот тек на плеј-оф - фазата во НБА.

Џамир Нелсон постигна 24 поени. Двајт Хауард беше најактивен со 21 поен, 10 скока и пет „рампи“. Кај гостите од Бостон, Рашид Валас постигна 21 поен, но поради пет лични грешки беше исклучен при крајот од натпреварот.

Селтикс води во серијата најдобар од седум натпревари во финалето од Источната конференција со 3: 2. Следниот меч се игра в петок во Бостон.

Во Западната конференција, вечерва во Лос Анџелес продолжува серијата меѓу Лејкерс и Санс. Резултатот е изедначен - 2:2.

XS
SM
MD
LG