Линкови за пристапност

НБА: Феникс намали на 2:1 против Лејкерс


Амар Стадемаер забележа личен рекорд во плеј-оф натпреварите со 42 поени, од кои 29 во второто полувреме

Феникс санс го поразија актуелниот шампион Лос Анџелес лејкерс со 118:109 во третиот натпревар од финалето во Западната конференција на НБА.

Амар Стадемаер забележа личен рекорд во плеј-оф натпреварите со 42 поени, од кои 29 во второто полувреме. Имаше и 11 скокови.

Кај гостите од Лос Анџелес, најпрецизна беше ѕвездата Коби Брајант со 36 поени.

Лејкерс водат со 2:1 во серијата најдобар од седум меча.

Следниот натпревар се игра во вторник во Феникс.

Во источната конференција, Бостон селтикс понеделникот навечер имаат шанса да се пласираат во финалето со евентуална победа против Орландо меџик.

XS
SM
MD
LG