Линкови за пристапност

НБА: Бостон поуспешен од Орландо, 92-88


Реј Ален постигна 25 поени за Бостон, Пол Пирс уфрли 22

Гостите Бостон селтикс го победија Орландо меџик со 92-88 во првиот натпревар од серијата најдобар во седум во финалето на источната конференција во Ен-Би-Еј.

Реј Ален постигна 25 поени за Бостон, Пол Пирс уфрли 22. Селтикс имаа предност и од 20 поени, иако во последните моменти од натпреварот таа изнесуваше само два.

Одбраната на Бостон одлично го задржа центарот на „магичните“ Двајт Хауард кој постигна само 13 поени, но и седум погрешни додавања. Најпрецизни кај Орландо беа Винс Картер со 23 и Џамиер Нелсон со 20 поени.

Ова е прв пораз на Орландо по серијата од 14 последователни победи во плеј-оф натпреварите.

Во финалето на западната конференција, вечерва Лос Анџелес лејкерс и Феникс санс го играат првиот меѓусебен меч.

XS
SM
MD
LG