Линкови за пристапност

НБА: Ѕвездeното трио на Мајами хит ветува тимска игра


НБА: Ѕвездeното трио на Мајами хит ветува тимска игра
НБА: Ѕвездeното трио на Мајами хит ветува тимска игра

Таканаречените „Тројцата велики“ беа претставени на медиумите на првата заедничка прес-конференција

Спроти почетокот на престојната сезона во американската професионална кошаркарска лига – НБА, веќе почнаа засилените тренинзи на тимовите. Најголемо медиумско внимание привлекува екипата на Мајами хит, веројатно поради фактот дека поранешната ѕвезда на Кливленд кавалирс Леброн Џејмс сега ќе настапува за таа екипа, заедно со ѕвездите Двејн Вејд и Крис Бош.

Таканаречените „Тројцата велики“ беа претставени на медиумите на првата заедничка прес-конференција.

Леброн Џејмс рече дека е подготвен: „Многу се зборуваше по медиумите и многу работи се случија. Со нетрпение очекувам да заиграм на теренот, и знам дека и Вејд и Бош се фокусирани на кошарката“.

Џејмс додаде дека бил повреден од жестоката критика на негова сметка изминатите три месеци затоа што го напушти Кливленд, но дека ќе ја искористи за мотивација.

„Гледам напред. Многу работи беа кажани за мене, за моето семејство, за моите односи со Вејд и Бош. Но, гледам само напред.“ вели Леброн.

Вејд, кој е најголема ѕвезда на Хит, најавува дека тројцата нема да бидат себични на паркетот.

„Ако егото беше проблем, не верувам дека тројцата ќе бевме во ист тим, вели Вејд.

Крис Бош, кој во Мајами дојде од Торонто рапторс, е на иста линија со Вејд.

„Дојдовме да играме заедно, тимски. Мислам дека луѓето зборуваат премногу за индивидуалните вештини на секој од нас. Но, сите ќе играме – тимски“, наведува Бош.

Со „Тројцата велики“ во Хит, навивачите очекуваат шампионски прстен. Џејмс ги уверува дека нема да бидат разочарани.

Тренерот на Мајами хит Ерик Сполстра изјави дека сите тројца на првиот тренинг покажале одлична физичка кондиција.

XS
SM
MD
LG