Линкови за пристапност

Сенатори во писмо до Обама бараат да се заложи за Македонија во НАТО


Сенатори во писмо до Обама бараат да се заложи за Македонија во НАТО
Сенатори во писмо до Обама бараат да се заложи за Македонија во НАТО

Сенаторите укажуваат дека Македонија е меѓу четирите најголеми придонесувачи во мисијата во Авганистан, според бројот на жители

Сенаторите Марк Бегич, Ричард Лугар, Џејмс Риш и Џорџ Воинович ја повикуваат владата на Обама да се вклучи во организирана дипломатија со цел земјите - членки на НАТО да упатат формална покана за членство до Македонија.

„Јасната покана до Македонија да и` се приклучи на Алијансата ќе биде од корист за американската национална безбедност и глобалната мисија на НАТО“, се вели во писмото.

Сенаторите укажуваат дека Македонија е меѓу четирите најголеми придонесувачи во мисијата во Авганистан, според бројот на жители.

Копии од писмото се испратени до државната секретарка Хилари Клинтон и до генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен.

Слично бара и Сали Мекнамара од фондација „Херитиџ“ од Вашингтон во синоќа објавената анализа „Стратегискиот концепт на НАТО 2010: пет индикатори за успех“.

„Владата на Обама треба самата да се позиционира како поборник за проширувањето на НАТО и конкретно да се заложи за итниот прием на Македонија и доделување на акционен план за членство на Грузија на Самитот во Лисабон“, сугерира Мекнамара.

Американскиот владин став го повтори амбасадорот во Македонија Филип Рикер, кој вторникот кажа дека „Соединетите Држави продолжуваат да ги поттикнуваат и Грција и Македонија да работат заедно на изнаоѓање на решение за името.

Петте индикатори за успехот на НАТО во иднина според Мекнамара се: рамномерна распределба на обврските меѓу земјите-членки, НАТО да дејствува и надвор од своите граници за да ја осигура својата безбедност, противракетен штит и и натамошно присуство на американско тактичко нуклеарно оружје во Европа, проширување со нови членки и задржување на приматот во безбедносната структура во Европа.

XS
SM
MD
LG