Линкови за пристапност

НАТО не отстапува од плановите за одбранбен штит


Русија и натаму ја критикува програмата, но самитот на алијансата донесе цврста определба за комплетирање на системот

Авганистан беше главно прашање на неодамнешниот самиот на НАТО. Дваесетиосумте лидери од земјите членки на НАТО се согласија по планот за привршување на војната во Авганистан. Тие ги повикаа авганистанските безбедносни сили да го преземат водството во борбените операции до крајот на следната година, со цел сите борбени сили на НАТО до крајот на декември 2014-та да заминат до земјата.

Иако Авганистан беше главна тема на самитот, лидерите на НАТО исто така ја реафирмираа поддршката за заеднички противракетен одбранбен штит.

Во 2009-та, претседателот Барак Обама го архивираше предлогот на администрацијата на Џорџ Буш за распоредување 10 станици за пресретнувачи во Полска и изградба на радарска станица во Чешка.

Експертите велат дека новиот план е пофлексибилен. Предвидува систем на анти-проектилски интерцептори, кои ќе бидат стационирани на воени бродови, а два во земјите од поранешниот варшавски пакт.

По самитот на НАТО, претседателот Обама им се заблагодари на сојузниците кои придонесуваат во одбранбениот систем:

„Нашиот одбрабен радар во Турција ќе биде под контрола на НАТО. Шпанија, Романија и Полска се договорија да бидат домаќини на клучната американска опрема. Холандија ќе ги унапреди радарите, и ние очекуваме и другите сојузници да направат такви чекори“.

Русија се противи на американските планови за противракетен штит во Европа. Москва не верува дека целта е тој да служи за одбрана од проектили од земји како Иран. Руски лица тврдат дека таквиот одбранбен механизам е против Москва. Ваквите обвинувања ги негираат САД и претседателот Обама.

„Системот не е насочен против Русија, ниту ги поткопува руските стратешки безбедносни планови. Јас верувам дека тој може да биде област на соработка со Русија“, рече претседателот Барак Обама.

Новоизбраниот руски претседател Владимир Путин ја одби покана да присуствува на самитот на НАТО во Чикаго. Тој рече дека мора да остане во Москва за да формира нова влада и наместо тоа ќе го испрати премиерот Дмитри Медведев.

Експертот за Русија од Националниот универзит за одбрана Џон Паркер, вели дека руското раководство има интерес во противењето на плановите на НАТО:

„Путин и Медведев значително го зголемија буџетот во делот за одбраната до 2020-та. Многу лобисти сакаат дел од тој колач. Во нивен интерес е да ја нагласуваат заканата, за да добијат пари за правење оружје, што наводно ќе се спротивстави на таа закана.“

Експертите не очекуваат Москва или Вашингтон да ги разрешат разликите околу одбранбениот противракетен систем, но веруваат дека е можен напредок по американските претседателски избори во ноември.

XS
SM
MD
LG