Линкови за пристапност

Русија бара ограничено воено распоредување на НАТО во централна Европа


Русија бара ограничено воено распоредување на НАТО во централна Европа
Русија бара ограничено воено распоредување на НАТО во централна Европа

Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмунсен ќе ја посети Москва спроти Самитот во Лисабон на 19 и 20 ноември

Водечки руски весник објави дека Москва бара во секој нов договор за руска соработка со НАТО да се ограничи бројот на војници од Алијанската кои ќе бидат базирани во новите членки на НАТО од централна Европа.

Дневниот весник „Комерсант“ вели дека рускиот став испратен до НАТО бара забрана за „значителен број на борбени сили“ во европските земји кои станаа членки на НАТО по распадот на Советскиот сојуз во 1991-ва.

Извештајот доаѓа во време кога рускиот претседател Дмитри Медведев се подготвува за присуство на Самитот на НАТО во ноември кога земјите-членки треба да го одобрат новиот стратешки план.

Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмунсен ќе ја посети Москва спроти Самитот во Лисабон на 19 и 20 ноември.

Минатата недлеа, како знак за затоплување на руско-европските односи, Медведев рече дека Москва го разгледува предлогот на НАТО за заедничка соработка во развивањето на противракетен штит во Европа.

XS
SM
MD
LG