Линкови за пристапност

НАТО по грешка уби петмина авганистански војници


Портпаролот на авганистанското министерство за одбрана Захир Азими рече дека двајца војници исто така се ранети во „пријателскиот оган“

Авганистански официјални лица соопштија дека при воздушен напад, по грешка се убиени најмалку пет авганистански војници.

Официјални лица потврдија дека војниците биле на патрола во источната провинција Газни, кога авион на НАТО отворил оган врз нив.

Портпаролот на авганистанското министерство за одбрана Захир Азими рече дека двајца војници исто така се ранети во „пријателскиот оган“.

Портпаролот го осуди инцидентот и рече дека ова е прв пат НАТО по грешка да застрела авганистански војници.

Портпаролот на НАТО, генералот Џозеф Блоц, изрази жалење за смртта на војниците и вети заедничка истрага за инцидентот. Тој рече дека најверојатно се работи за лоша координација.

Во меѓувреме, британските војници ќе ја предадат контролата во раце на американските сили во јужен Авганистан, што важи за една од најсмртоносните области.

XS
SM
MD
LG