Линкови за пристапност

НАСА откри планови за ново возило со човечки екипаж


НАСА откри планови за ново возило со човечки екипаж
НАСА откри планови за ново возило со човечки екипаж

Новите ракети ќе бидат пософистицирани од Сатурн 5 кои пренесуваа астронаути на Месечината

Американската вселенска агенција НАСА најави планови за следна генерација ракети кои ќе носат астронаути во вселената по пензионирањето на флотата со вселенските шатлови.

Првиот човек на НАСА Чарлс Болден го претстави планот од 35 милијарди долари за новиот Систем за вселенско лансирање. Тој рече дека НАСА го прифаќа предизвикот од претседателот Обама „да се биде одважен и да се сонува голем сон“. Првата ракета се очекува да биде изработена и тестирана до 2017-та.

Ракетите се дизајнирани да пренесуваат човечки екипаж во капсула на нејзиниот врв, што е навраќање на дизајнот од минатото. НАСА вели дека ќе може да носи по 100 метрички тони карго, а унапредената верзија ќе може да носи по 130 тони, многу повеќе отколку што имаа капацитет спејс-шатловите.

Официјални лица на НАСА велат дека ракетите ќе бидат многу пософистицирани од генерацијата Сатурн 5 кои пренесуваа американски астронаути на Месечината. Болден рече дека очекува идните истражувања на вселената да „сонуваат дека еден ден ќе чекорат по Марс“.

30-годишната програма на НАСА беше окончана на крајот од оваа година.

XS
SM
MD
LG