Линкови за пристапност

НАСА финансира визионерски вселенски концепти


НАСА финансира визионерски вселенски концепти
НАСА финансира визионерски вселенски концепти

За 30 проекти американската вселенска агенција одобри три милиони долари

Американската вселенска агенција НАСА одобри три милиони долари во првата година од развојни грантови за 30 предлог-проекти за истражување на нови идеи за следната генерација вселенски програми на Америка. Секој предлог ќе добие по 100.000 долари да докаже дека е вреден.

Програмата на НАСА за развој на иновативни концепти доби стотици предлози. Извршниот директор на програмата Џеј Фалкер вели дека тие го претставуваат речиси секој аспект од мисијата на Агенцијата:

„Некои се поврзани со луѓе кои се обидуваат да оперираат во вселената, некои се однесуваат на вселенските летала, други работат на безбедносните стандарди заради изложеност на радијација“, вели Фалкер.

Предлозите доаѓаа од научници, индустриски сектори или од самата НАСА. Фалкер вели дека на пример, вселенскиот центар Годард на НАСА сака да гради вид на оптички „пинцети“ - ласерска направа која треба може да се користи за истражување на непознатото во вселената и да собира примероци од вселенската прашина:

„Предлогот е за изработка на вид на возило ровер, како оној на Марс, но наместо да собира камења и земја од површината на планетата, ќе има минијатурен ласерски дел што ќе го врши процесот. Ќе може да лета и во близина на комета и да собира интересни примероци“, вели Фалкер.

Друг идеен концепт стаса од фирмата „ББН Технолоџис“ со седиште во Вирџинија, за користење воздушен пиштол на голема височина што треба да го смени курсот на потенцијални опасен вселенски отпад, како нефункционални сателити, на пример.

Меѓу другите предлози е и ултра-лесната вселенска облека со сензори што треба да ја стабилизира состојбата на астронаутите во микрогравијација.

Следната година, научниците ќе работат на нивните идеи, и ќе ќе ги тестираат проектите. Фалкер вели дека одвоените три милиони долари се мал дел од предложениот буџет на НАСА за 2012-та, што е предложен вооизнос на 18 милијарди долари. Тој е убеден дека ќе „преживее“ и со евентуално буџетско кратење:

„Повеќето граѓани во државата и Конгресот се зад идејата дека НАСА треба да работи на визионерски концепти и оваа незначителна сума пари вреди да се вложи во тоа.“

Програмата за иновативни напредни концепти на НАСА почна во 1998-ма, но беше суспендирана во 2007-ма кога тогашниот „штедлив“ состав на Конгресот нареди преразгледување на нејзината ефикасност. Една година подоцна Конгресот даде зелено светло за продолжување на програмата.

На крајот од годината, научниците може да конкурираат за дополнителни фондови со цел да ги придвижат своите концепти со надеж дека евентуално ќе ги интегрираат во идните вселенски мисии.

XS
SM
MD
LG