Линкови за пристапност

Повик за поголема етика при истражувањето на вселената


Научниците со предупредување до НАСА за опасностите кои демнат по здравјето на астронаутите

НАСА планира во не така далечна иднина да испрати човечки екипаж на астероид, а потоа дури и на Марс. Сепак, група угледни американски научници предупреди дека, барем засега, ваквата истражувачка мисија во подлабоката вселена би била преопасна, со оглед на минималните безбедносни стандарди што важат во НАСА.
Таквиот став произлегува од нивната проценка дека вселенското инженерство и разбирањето на ефектите од долготрајната космичка радијација нема доволно да напреднат во наредните пет години.

Откако го заврши истражувањето посветено на подолгите вселенски патувања, инаку спонзорирано од НАСА, работната група составена од членови на Националната академија на науки наведува дека американската вселенска агенција трба да ја земе предвид етиката кога одлучува за стандардите на долгите вселенски мисии.

Во отворено писмо, научниците велат дека НАСА не треба да испраќа човечки екипаж подалеку од долната орбита на Земјата во временски период подолг од 30 дена, без стриктно да се придржува до здравствените стандарди, како и дека тоа правило може да се прекрши само во исклучителни ситуации.

Тие наведуваат шест принципи врз кои треба да се базира етиката на мисиите во длабоката вселена. Првиот принцип е заштитата на астронаутите - од оштетувања на видот, губење на минерали во коските, изложеност на радијација и психолошкиот ефект од долгиот пат. Научниците сметаат и дека мора да има баланс меѓу користа на ваквите мисии за човештвото и заштитата на здравјето на астронаутите.
XS
SM
MD
LG