Линкови за пристапност

НАСА сепак дозволи учество на кинески научници


„Погрешно толкување“ на владината политика е објаснувањето на вселенската агенција за неодамнешната контроверзна одлука

Американската вселенска агенција НАСА соопшти дека ја укинува контроверзната забрана за учество на кинески научници на конференција во Калифорнија следниот месец.

Во електронска порака до Гласот на Америка, НАСА појаснува дека „научниците од кинески потекло, на кои им беше ускратена можноста да се пријават за учество на научната конференција Кеплер на Истражувачкиот центар Ејмс на НАСА следниот месец, сега може да го сторат тоа“.

НАСА наведува дека првичната одлука да им забрани учество на кинеските научници била несоодветна и базирана на погрешно толкување на владината политика. Претходно месецов, група академици кои ја организираа конференцијата, соопштија дека иако неволно, сепак ја одбиле регистрацијата на шестмина кинески државјани поради мораториумот на НАСА. Организаторите наведуваат дека НАСА во март, кога на сила стапи нов закон што ограничува влез на странци во НАСА поради загриженост за националната безбедност, забранила посети на нејзини објекти од страна на кинески и државјани на други земји.
XS
SM
MD
LG