Линкови за пристапност

Промоција на изворниот македонски мелос во Вашингтон


Американски етнограф работи на проект за музичко наследство на Македонија
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:37 0:00

Во организација на Обединетата македонска дијаспора, етнографот Мартин Кениг претстави дел од личната архива од валандовско и гевгелиско

Американецот Мартин Кениг од Сиетл го минал животот во проучување народна музика и танци за непрофитни организации ширум САД. Со години патувал низ Балканот. Во 60-тите и 70-тите, интензивно снимал, фотографирал, пишувал за мелосот во Македонија од минатиот век.

Во соработка со институцијата Смитсониан, подготви проект за зачувување и објавување на македонски песни што Кениг ги снимил во валандовско и гевгелиско. Македонскиот мелос го опишува како спектакуларен, уникатен.

Најмногу го сака звукот на виолините во чалгиите. Вели - таквата мелодија ги милува ушите.
Македонскиот мелос е спектакуларен, уникатен
Мартин Кениг

Кениг го разбира притисокот на глобализацијата врз една мала земја како Македонија, но и важноста да го зачува културното наследство. Затоа, предочува: „Погубно е за едно општество ако не го одржи тоа. Тоа ги одржува луѓето. И во Америка, таквата музика едно време започна да исчезнува, но многу млади и образовани ја прифатија, ја изучуваат и ја исполнуваат“.

Целта на неговиот проект е собраната музика да се чуе ширум светот. „Смитсониан ќе ја рашири македонската музика ширум светот. Во електронски формат, ќе биде достапна насекаде“, додава овој музиколог.

Домаќинот на настанот, Мето Колоски, претседател на ОМД, говори за поддршката на проектот: „ОМД смета е битно да се промовира македонската култура во Вашингтон. Одлучивме да се вклучиме во овој проект со промовирање на првото македонско це-де објавено од Смитсониан. Институцијата одлучи дека токму овој проект на изворната традиција, мелос и фолклор е од особена важност“.

Мартин Кениг својата пасија по изворната музика ја рефлектира и преку Центарот за традиционална музика и танци во Њујорк, каде е соосновач. Центарот е основан во 1968-ма, а им помага на имигрантнските заедници да ја сочуваат виталноста на уметничките традиции од своите земји и промовира разбирање меѓу различните култури.
XS
SM
MD
LG