Линкови за пристапност

Смена на армиското место број 1


Смена на армиското место број 1
Смена на армиското место број 1

Мартин Демпси го наследи Мајк Мулен на функцијата началник на Здружениот генералштаб на САД

Пензионираниот адмирал на американската морнарица Мајк Мулен, заминувајќи од функцијата началник на Здружениот генералштаб на САД, истакна дека нема решение за конфликтот во Авганистан без Пакистан.

Мулен говореше на церемонија близу Вашингтон на која неговиот наследник, армискиот генерал Мартин Демпси положи заклетва на функцијата.

Мулен верува дека безбедносната транзиција во Авганистан ќе биде најголемиот предизивк за Демпси наредните години. Американските војници треба да ја предадат одговорноста за безбедноста на авганистанските сили до 2014-та.

САД имаат затегнати односи со Пакистан поради, како што се чини, очигледниот неуспех на Исламабад да се справи со екстремистичките групи. Мулен неодамна ја опиша терористичката мрежа Хакани како фактичка рака на пакистанската национална разузнавачка агенција.

Демпси, пак, смета дека најголеми предизвици ќе бидат американскиот национален долг и безбедносните закани по САД.

Во говорот на церемонијата, американскиот претседател Барак Обама го опиша Демси како еден од борбено најтестираните офицери во армијата.

37–годишната кариера на Демси вклучува две мисии во Ирак, а служел и како вршител на должноста командант на сите армиски операции на Блискиот Исток.

XS
SM
MD
LG