Линкови за пристапност

Адмиралот Мајк Мулен во посета на држави од регионот на Заливот


Адмиралот Мајк Мулен во посета на држави од регионот на Заливот
Адмиралот Мајк Мулен во посета на држави од регионот на Заливот

По Саудиска Арабија, Мулен ќе ги посети Катар, Обединетите арапски емирати, Кувајт и Џибути

Американскиот адмирал Мајк Мулен пристигна во Саудиска Арабија во неделата, што е прв дел од еднонеделната посета на заливскиот регион, чија цел зајакнување на односите со сојузниците на САД.

Претседавачот со Здружениот генерал штаб ќе ги посети Катар, Обединетите арапски емирати и Кувајт. Ќе ја посети и источната африканска нација Џибути, каде демонстрантите веќе повеќе од една недела протестираат против владата.

Разговорите се очекува да се фокусираат на неодамнешните бунтови кои доведоа до смена на претседателите во Тунис и Египет, како и протестите кои продолжуваат во поширокиот регион, но американски официјални лица велат дека посетите на адмиралот Мулен биле планирани пред почетокот на тамошните демонстрации.

Мулен вели дека доаѓа во посета на овој регион без конкретна порака за било која група, туку да ја повтори американската заложба дека разликите може да се решаваат на мирољубив начин.

XS
SM
MD
LG