Во четврток со низа настани во светот и во Македонија се одбележува 100-годишнината од раѓањето на Мајка Тереза.
Калуѓерки од нејзината хуманитарна организација во Калкута со голема миса го одбележа настананот. Големата хуманистка и добитничка на Нобеловата награда за мир почина во 1997-та на 87-годишна возраст.
Наградата ја доби за посветеноста на помошта за сиромашните, обесправените и болните во Индија и светот воопшто.
Мајка Тереза е родена како Агнес Гонџа Бојаџиу на 26-ти август 1910-та во Скопје.