Линкови за пристапност

Џон Мортон: енергична меѓународна соработка против трговијата со луѓе


Џон Мортон: енергична меѓународна соработка против трговијата со луѓе
Џон Мортон: енергична меѓународна соработка против трговијата со луѓе

Директорот Џон Мортон вели дека трговијата со луѓе е растечки проблем во Источна и Централна Европа, како и во Русија, Украина

Секоја година, илјадници лица се жртви на трговијата со луѓе. Некои доаѓаат во САД со ветување за подобар живот, а завршуваат како робови во модерно доба.

Американската Агенција за имиграција и царинска контрола е најголема истражна служба при Одделот за домашна безбедност. Нејзините агенти се борат против криминалот на границите, во странство и - он-лајн. Една од главните задачи им е да стават крај на трговијата со луѓе.

Директорот Џон Мортон вели дека трговијата со луѓе е растечки проблем во Источна и Централна Европа, како и во Русија, Украина.

„Централна Европа и Балканот се главен извор за криумчарење на луѓе, особено кога станува збор за млади жени и девојки кои завршуваат во одредена форма на проституција или како стриптизети“, вели тој.

Најчести крајни дестинации на трговијата со луѓе се земјите на Западна Европа, САД и Канада.

Американската агенција за имиграција и царинска контрола е присутна во 47 земји, со 68 канцеларии ширум светот, и 400-тини во САД. Една од канцелариите во странство се наоѓа во Русија, а друга во Австрија. Последната покрива криминални дела извршени на Балканот. Мортон вели дека постои бавно, но стабилно подобрување во повеќето држави во борбата против со трговијата со луѓе, иако останува уште многу да се направи.

„Напорите за сузбивање на трговијата со луѓе за проституција и принудна работа се на највисоко ниво што досега го имам забележано. Имаме рекорден број на покренати обвиненија во светот минатата година, рекорден број на осудени, и рекорден број на сличаи што агенцијата ги покрена во САД – преку 600. Уапсивме 300 лица, а преку 4.000 се обвинети под разни основи за криумчарење ширум светот“, наведува Мортон.

Еден од најголемите предизвици во истрагата на случаите е да се идентификуваат жртвите. Трговците со луѓе најчесто им ги одземаат пасошите и ги држат затворени. Затоа, агенцијата во голема мерка се потпира на локалните служби за спроведување на законот со цел да соберат информации за жртвите.

Џон Мортон вели дека проблемот со трговијата со луѓе постои насекаде во светот, особено во Азија, Централна и Јужна Америка и подвлекува дека единствен начин за справување со проблемот е преку енергична меѓународна соработка.

XS
SM
MD
LG