Линкови за пристапност

САД им честитаа на Грузија, Молдавија и Украина


Потпишувањето на Договорите за асоцијација е голем чекор напред кон интеграцијата на овие три земји со ЕУ, наведува државниот секретар Кери

САД им честитаа на Грузија, Молдова и Украина на потпишувањето на Договорите за асоцијација и воспоставувањето на Длабоки и сеопфатни зони на слободна трговија со Европската унија.

Државниот секретар Џон Кери оцени дека договорите се голем чекор напред кон интеграцијата на овие три земји со Унијата и реализирањето на целта за обединета, слободна Европа, што живее во мир.

Американската влада истакнува дека договорите ги поврзуваат источните соседи на ЕУ во еден пазар и отвораат нови можности за трговија и помош, како и дека Грузија, Молдавија и Украина со потшишувањето сигнализирале дека се подготвени да преземат важни економски и правни реформи што ќе ги направат посилни, повитални демократии.

„Ќе продолжиме да го поддржуваме територијалниот интегритет на Грузија, Молдавија и Украина. Овие суверени земји може и треба самите и само самите да носат одлуки за најдобриот пат до безбедноста, просперитетот и подобрата иднина за нивните граѓани. Оддаваме признание за макотрпната работа и решеноста што ги доведе до овој момент и ќе продолжиме да ги поддржуваме додека работат на примена на клучните реформи и градат попросперитетни, постабилни и подемократски општества“, стои во изјавата на Кери што ја објави Стејт департментот.

XS
SM
MD
LG