Линкови за пристапност

Модна ревија: американски дизајнери за македонски компании


Модна ревија: американски дизајнери за македонски компании
Модна ревија: американски дизајнери за македонски компании

На модна ревија на Универзитетот Меримаунт во сојузната држава Вирџинија минатата недела, тројца студенти-дипломци од катедрата за мода и дизајн изложија креации што се плод на соработката со две текстилни компании од Македонија

Компаниите шиеле пилот-модели за пласман на пазарите во Западна Европа. Преку проект на УСАИД, компаниите ИНТ и Астибо ги рашириле модните линии на американските студенти-дизајнери на европскиот пазар.

Лори Брук е од корпорацијата за економски развој Карана во Арлингтон, преку која се поврзале студентите и компаниите: „Со овој проект веќе гостувавме на неколку модни недели во Германија, организиравме деловни состаноци со потенцијални купувачи во Велика Британија“

Американските дизајнерки Карен Катања, Џесика Греј и Алисон Џордан се задоволни од професионалноста на македонските текстилни компании во реализирањето на нивните замисли: „Имаат одлично производство, одлично ја завршија работата со дизајнирањето на нашата линија и имаат материјалите кои ни требаа за нашиот дизајн“.

„Се надевам дека ќе имам можност да стажирам летово во Македонија и да работам таму како помошник-дизајнер за модна женска линија“ – вели Греј.

„Бев многу задоволна кога видов како професионално го преточиле мојот дизајн во краен производ“ – истакна Џордан.

На Универзитетот Меримаунт има студенти од разни делови од светот. Секој од нив, се надева дека ќе успее да најде работа во една во угледните светску куќи на модата и добро да заработи со своите креации.

На ревијата беше претставена и модна линија за мажи и за најмладите.

Посетеноста на настанот беше најдобра потврда за можностите за соработка меѓу амбициозни дизајнери од САД и цел свет од една и македонски компании од друга страна, за поттикнување на извозот и отворање на нови работни места.1

XS
SM
MD
LG