Во Лос Анџелес, сојузната држава Калифорнија, ТВ-екипа во хеликоптер понеделникот случајно сними неидентификувано тело како го пара небото на зајдисонце и остава трага.
Официјални лица од военото воздухопловство и од морнарицата јавија дека немале планирана активност во областа во тој период. Цивилните власти кои го надгледуваат воздушниот простор го соопштија истото.
Мисериозното тело предизвика разноразни шпекулации во медиумите, од тоа дека се работи за проектил, па се` до НЛО.
Пентагон средата пресече, со објаснување дека, едноставно, трагата ја оставил - авион.