Линкови за пристапност

Миранда Патручиќ: Во следните недели ќе бидат објавени и имиња од Балканот


Новинарка на проектот кој известува за организираниот криминал и корупција со седиште во Сараево за аферата со документите од Панама говори за Гласот на Америка

Миранда Патручиќ е новинарка на проектот кој известува за организираниот криминал и корупција со седиште во Сараево. Членка е на меѓународниот конзорциум на истражувачко новинарство што ги обработува документите од Панама и ги дистрибуира во јавноста. Во разговор за Гласот на Америка преку Скајп, најави дека наредните недели ќе бидат објавени имиња на луѓе и компании од Балканот кои се поврзани со адвокатската фирма Мосак-Фонсека. Таа зборува како добила пристап до милиони документи кои откриваат како богатите и славните, меѓу нив бројни политичари и државници, ги користат карипските оф-шор институии да сокријат или да „исперат“ голема сума на пари.

Колку за потсетување, голем скандал во светот предизвика работата на тим истражувачки новинари на протечени документи од адвокатската фирма во Панама. Објавени се дел од информациите за офшор финансиски зделки на богати и познати лица, луѓе со политички врски, како и лидери на држави.

Францускиот претседател Франсоа Оланд изјави дека Франција ќе почне истрага за затајувачите на даноци преку офшор компании со седиште во Панама, каде го криеле својот имот. Има информации дека бројни светски имиња, вклучувајќи политичари, актери, спортисти биле вклучени во перење на пари. Во скандалот поврзан со адвокатската компанија Мосак Фонсека во Панама, се вклучени и лидери на држави.

Имено, анонимен извор обезбедил 11.5 милиони документи од адвокатската компанија и ги доставил до Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари со седиште во Вашингтон.

XS
SM
MD
LG