Линкови за пристапност

Милошоски: „Црвени линии“ во спорот за името се и црвен картон за компромис


Милошоски: „Црвени линии“ во спорот за името се и црвен картон за компромис
Милошоски: „Црвени линии“ во спорот за името се и црвен картон за компромис

Во Македонија има голема поддршка за зачленување во ЕУ и во НАТО

Македонскиот министер за надворешни работи Антонио Милошоски во Њујорк се сретна со Генералниот секретар на ОН., Бан Ки-мун. Според кусото соопштение од Светската организација, размениле гледишта за преговорите за името и за македонскиот придонес во мировните операции на ОН.

Во интервјуто за Гласот на Америка на македонски, Милошоски наведува дека на традиционалната Трансатлантска вечера во Њујорк за сите земји-членки на НАТО и ЕУ, чиј домаќин е државната секретарка Хилари Клинтон, ги изложил постигнувањата на Македонија за балканската стабилност, но и пошироко, за мировните мисии во светот.

„ Го напоменав и прашањето меѓу Македонија и Грција, наметнатиот спор што го имаме, и побарав од сите пријатели на тој форум да и` помогнат на Македонија, но да и` помогнат и на Грција, да го надминеме овој ирационален, 20-годишен и навистина чуден спор затоа што одзема многу време, енергија, а во самата своја суштина нема некоја голема рационалност“, истакна Милошоски.

Апелирал на поголемо внимание и од американската администрација, и од европски земји - бидејќи Македонија е мала земја и самата со своите потенцијали не може да ја убеди Грција во прагматично однесување за одреден компромис“, коментира Милошоски.

Тој смета дека спорот нема да биде решен се` додека вниманието не се пренасочи од тоа кој е виновен затоа што нема решение – на самото решавање.

„Грција наместо да се посвети на тоа како стигнеме до поблиски позиции, троши повеќе време, енергија и дипломатија на тоа кој да биде обвинет за немањето на решение. Мислам дека грчката дипломатија многу повеќе е фокусирана на таканаречена „блејм гејм“ во овој билатерален спор, отколку на содржинските поместувања во нивната позиција и одбегнувања на фразите и реториката на црвени линии кои, поред мене, се и црвен картон за било каков компримис“.

Во Македонија има голема поддршка за зачленување во ЕУ и во НАТО. Па сепак, заклучува Милошоски, најбитно за земјата е да има пазарна економија што ќе привлече странски инвестиции и ќе ги користи предностите од визната либерализација.

XS
SM
MD
LG