Линкови за пристапност

Организираниот криминал и мигрантската криза


Европол во широка акција против битката со трговците со луѓе

Единици на европската полиција за надгледување на Интернет страници на социјални медиуми за терористичка активност го проширија фокусот спрема трговци со луѓе. Полицијата објави дека дилерите со дрога сега го вртат бизнисот кон криумчарење бегалци или мигранти.

Мината недела, првиот човек на Европол, европската полициска агенција, Роб Вајнрајт, за ирското радио предупреди дека околу 30.000 луѓе се вклучени во банди со криумчарење на луѓе. Неговата агенција работи на 1.400 случаи на криумчарење со луѓе.

Во Либија, трговците со луѓе, заработуваат по 150.000 долари за брод со 150 мигранти. Во Турција, стар товарен брод, чиј екипаж го напуштил бродот во близина на брегот со Турција, профитирал со по четири милиони долари од тура.

Потребата да се реагира е итна, вели Јуриј Федотов, прв човек на канцеларијата на ОН дрога и криминал, зашто мигрантите се во смртоносна опасност.

Конференција за борба против трговците со луѓе е закажана за ноември во Малта, каде африканските лидери и европски официјални лица ќе бараат подобра соработка и споделување на информации за бандите на криумчари.

ЕУ веќе ја интензивираше поморската мисија против трговците со луѓе во Медитеранот во јули, а повеќето од разузнавачките информации се во фаза на комплетирање со цел армијата да преземе акција против бродовите долж либиското крајбрежје.

Степенот на криминална активност на географското подрачје од Мароко на Запад, па се` до Балканот и Турција е застрашувачки. Медитеранот најчесто се минува од Либија за Италија и од Турција за Грција. Потоа тие ги идентификуваат на бандите и копнените маршрути кон попросперитетните северни европски држави откако бегалците и мигрантите стапнат на европско тло.

И постарите криминални банди – вклучувајќи ја италијанската, српската, албанската и турската мафија, се вклучени во обете страни од Медитеранот и нивното разоткривање изгледа уште потешко. Оперативни соби за споделување на разузнавачки информации се востановени во Сицилија и на Пиреите, Грција.

Обвинителите против мафијата во Катања, Сицилија, спроведуваат истрага за поврзаноста на Коза Ностра и јавни официјални лица коишто ги надгледуваат мигрантските кампови. Во рација во јуни, италијанската полиција уапси 44 познати криминалци и виши владини службеници , истакнувајќи дека мафијата е вклучена во разни нивоа на мигрантскиот менаџмент – од регистирање, преку управување со камповите и отседнување на мигранти по италијанските градови и села.

Полицијата тврди дека мафијата ги принудува мигрантите-жени во проституција. Постои загриженост за судбината на речиси 5.000 мигранти, кои што според италијанското министерство за надворешни работи исчезнале од центрите за прифаќање ширум земјата изминатата година. Организациите за заштита на човековите права се загрижени дека деца се вовлечени во криминалниот подземен свет и се предмет на сексуална злоупотреба или статус на модерни робови.

XS
SM
MD
LG