Линкови за пристапност

Милион долари кауција за Зимерман


Лицето што го уби Трејвон Мартин доби нова сума како замена за пуштање од затвор додека чека на судење

Судија во јужната држава Флорида одреди еден милион долари кауција за волонтерот за обезбедување на соседството што е обвинет за убиство на невооружен црн тинејџер порано годинава.

Судијата ја отповика одлуката за 150 илјади долари кауција и нареди негово повторно враќање во затвор откако обвинителите поднесоа наводи дека тој и неговата сопруга го завеле судот за нивните финансии. Брачниот пар во април сведочеше дека немаат пари, но обвинителите велат дека Зимерман собрал 150 илјади долари од поддржувачи на неговата веб страница како фонд за одбрана.

Џорџ Зимерман сега мора да носи електронска направа за следење, не смее да патува и да има банковна сметка. Обвинет е за убиство на 17-годишниот Трејвон Мартин – случај што предизвика протести низ земјата.
XS
SM
MD
LG