Линкови за пристапност

Илич: да се користат влијателните контакти во Вашингтон за македонската кауза


Илич: да се користат влијателните контакти во Вашингтон за македонската кауза
Илич: да се користат влијателните контакти во Вашингтон за македонската кауза

Илич ја остава отворена можноста да инвестира во Македонија

Американскиот милијардер со македонско потекло Мајкл Илич препорачува трпеливост и лобирање за актуелниот спор за името меѓу Македонија и Грција.

„Се работи за тешка политичка ситуација. Треба да се обратиме до луѓето од политиката и да бидеме трпеливи и да работиме макотрпно да работиме заедно со луѓе кои имаат влијание во Вашингтон“, вели Илич.

Успешниот бизнисмен во екслузивно интервју, направено на маргините на Конвенцијата на Македонската патриотска организација во Детроит, вели дека не памети ваква економска ситуација со децении, но дека очекува промена: „Убеден сум дека ќе има голема промена во ноември кога вистинските луѓе ќе се најдат на функција по конгресните избори во ноември, кога во Претставничкиот дом и Сенатот ќе има републиканско мнозинство; мислам дека ќе запре трошење и ќе започнеме да живееме во рамки на можностите“.

Како може македонската дијаспора и` помогне на Македонија? Илич со став:

„Мислам дека треба да се контактираат вистинските луѓе, кои имаат искуство. Треба да гледате во своите врски, луѓето на кои сте им помогнале во текот на животот, луѓе кои ќе одговорат на вашето барање. Јас така правам во основа“.

Илич: да се користат влијателните контакти во Вашингтон за македонската кауза
Илич: да се користат влијателните контакти во Вашингтон за македонската кауза

Илич ја остава отворена можноста да инвестира во Македонија:

„Можно е. Ако знам повеќе за земјата и што таа нуди. Знаете дека нашиот бизнис е фокусиран во производство, забава, спортот, како и во компании за снабдување со храна...“

Илич е сопственик на спортските екипи од професионалните американски хокеарски и безбол лиги, Детроит ред вингс и Детроит ред тајгерс, но планира да стане газда и на Детроит пистонс.

„Дадовме понуда за купување на Пистонс. Тоа е долг процес. Мислам дека треба да пристигне уште една понуда. Одлуката ќе треба да биде донесена кон крајот на септември.“

На прашањето зошто токму Пистонс, во стил карактеристичен за биснисмен – одговара:

„Се работи за добар бизнис потег. Градиме спортска арена и ќе имаме можност два тима кошаркарскиот и хокеарскиот да играат во една сала, плус сме во бизнисот на забавата.

XS
SM
MD
LG