Линкови за пристапност

Речиси 100 мртви од невремињата во Мексико


68 лица се` уште се водат како исчезнати во лизгање на земјиштето во селото Ла Пинтада близу туристичкиот центар Акапулко

Речиси 100 лица загинаа во Мексико од силните невремиња што ги погодија обата брега на земјата.

Националниот координатор на цивилната заштита, Луис Фелипе Пуенте, соопшти дека 97 лица загинале во повеќедневните поплави и лизгања на земјиштето како резултат на ураганот Ингрид во Мексиканскиот Залив и тропското невреме Мануел на брегот на Тихиот Океан.

68 лица се` уште се водат како исчезнати во лизгањето на земјиштето во селото Ла Пинтада во близина на туристичкиот центар Акапулко.

Досега евакуирани преку 5.000 од вкупно 40.000 туристи во Акапулко
Градоначалникот на општината Атојак де Алварез, кон која припаѓа селото, информираше дека досега биле извлечени телата на најмалку 15 загинати.

Мексиканската армија и авиокомпаниите досега евакуираа преку 5.000 од вкупно 40.000 туристи во Акапулко, каде улиците и авионскиот терминал се покриени со вода до коленици како резултат на невремето Мануел.
XS
SM
MD
LG