Линкови за пристапност

Обама наводно ќе распореди уште 1.200 војници на границата со Мексико


Според истиот извор, потегот е дел од сеопфатниот план на претседателот Обама да ја обезбеди јужнозападната граница на земјата

Виш американски владин претставник вели дека претседателот Барак Обама ќе распореди до дополнителни 1.200 припадници на Националната гарда на границата со Мексико и ќе побара уште 500 милиони долари за борба против трговијата со дрога.

Според истиот извор, потегот е дел од сеопфатниот план на претседателот Обама да ја обезбеди јужнозападната граница на земјата. Владиниот претставник наведува дека дополнителните војници ќе дадат итна поддршка за операциите против трговијата со дрога и во разузнавањето.

Во 2006-та, поранешниот американски претседател Џорџ В. Буш испрати илјадници војници на Националната гарда да им помогнат на федералните агенти за имиграција во справување со проблемот на илегално влегување во САД. Оваа операција траеше до 2008-ма.

Најавата за дополнителни сили доаѓа во време кога Обама бара републиканска поддршка за сеопфатна реформа на имиграционите закони. Тој во вторникот се сретна со републикански законодавци на Капитол Хил. Републиканците не дадоа никакво ветување и истакнаа дека 1.200 војници нема да бидат доволни за да се заврши работата на границата.

XS
SM
MD
LG