Линкови за пристапност

НАСА ќе го истражува Меркур


НАСА ќе го истражува Меркур
НАСА ќе го истражува Меркур

Мисијата почнува на 4-ти април

НАСА по првпат испрати сонда во орбитата околу планетата Меркур.

„Месинџер“ беше лансиран пред речиси седум години, а ќе кружи околу најблиската планета до Сонцето најмалку една година, собирајќи податоци.

Најпрво, НАСА објави дека ќе мине неколку недели во тестирање на сондата и инструментите. Вселенската станица сака да се осигура дека зголемената температура поради близината до Сонцето нема да ја оштети сондата пред почетокот на мисијата на 4-ти април.

Научниците се заинтересирани да научат за геолошката историја на Меркур и магнетното поле, составот на тлото, и да откријат дали има замрзната вода.

Кога ќе биде финализирана нејзината работа, „Месинџер“ од орбитата ќе се урне на површината на Меркур.

XS
SM
MD
LG