Линкови за пристапност

Медал на честа за маринецот Дакота Маер


Медал на честа за маринецот Дакота Маер
Медал на честа за маринецот Дакота Маер

Трет жив добитник и прв маринец што е почестен со највисокото армиско одликување

Американскиот претседател Барак Обама го одликуваше со највисокото признание

Медал на честа - поранешниот поручник од редовите на маринците, за бестрашност, ризикувајќи го сопствениот живот во битка.

Дакота Маер ја прими наградата на свечена церемонија во Белата куќа.

Тој служел во Авганистан заедно со тим од маринци кои биле на обука на 8-ми сепрември 2009-та. Врз нив бил отворен жесток оган од Талебан во селото Ганџгал.

Маер кои се наоѓал во задниот дел од конвојот за време на нападот и направил пет влегувања во борбена зона со неговиот џип за да спаси 13 маринци и војници, но и 23 авганистански припадници. Потоа се вратил во опасната зона со цел да помогне да се повлечат телата на четворица убиени американски војници.

Маер е трет жив примател и прв маринец одликуван со Медал на честа за акции во војните во Ирак и во Авганистан.

Армиските поручници Салваторе Гинта и Лирој Питри се живи носители на највисокото одликување од претседател на САД.

Медалот на честа е највисоко армиско одликување во САД.

XS
SM
MD
LG