Линкови за пристапност

Прв жив војник по Виетнам добива Медал на честа


„Реалноста е дека има многу малку луѓе во светот што би го сториле тоа што тој го стори“, вели наредникот Пери

Наредникот Салваторе Гинта никогаш не помислил дека нешто што направил пред три години ќе доведе до телефонски повик лично од претседателот на САД.

„Срцето почна силно да ми чука и тогаш тој рече: Претседателот Барак Обама“, се присетува Гинта.


Срцето го забрзува и таа битка во Авганистан кога Гинта херојски постапил, за што ќе добие најголема армиска награда во државата за храброст покажана во борба. Талебански борци ја нападнале патролата на Гинта. Два пати бил погоден, а неговиот пријател, наредникот Џош Бренан, исто така бил ранет. Наредникот Брет Пери бил таму: „Не можам ни приближно да пренесам колку интензивно беше. Куршуми ни летаа над главата“

Кога двајца талебански борци го одвлекле Бренан, Гинта отишол по нив, убивајќи еден од бунтовниците. Потоа го повлекол Бренан на безбедно, но ранетиот војник подоцна умрел.

Секогаш радо ќе се сеќавам на него. Секогаш ќе мислам на него како на некој што дал се` за неговата држава.

Со сопругата Џени, Гинта вели дека е радосен и тажен во исто време за медалот што ќе го добие.

Трогателно е и многу е убаво, но ми носи многу спомени за луѓе со кои би сакал ова да го поделам, а веќе ги нема.

Гинта вели дека само си ја вршел работата.

Во оваа работа јас не сум ништо посебно. Просечен сум. Тоа што во таа ситуација сум го направил не е ништо што друг не би направил.

Нарадникот Пери вели, не е баш така:


„Реалноста е дека има многу малку луѓе во светот што би го сториле тоа што тој го стори“, вели наредникот Пери.

XS
SM
MD
LG