Тројца Руси, Французин, Кинез и Италијанец со колумбиско потекло ќе ги минат следните 520 дена во Москва, затворени во вселенска капсула од 550 кубни метри. Московскиот институт за биомедицински проблеми ќе ги тестираа менталните и физичките ефекти од долготрајната изолација на човекот. Капетанот на екипажот, инженерот Алексеј Ситев треба да живее во три квадратни метри:
Овој телефон ќе работи само 11 дена, само кога сме близу до Земјата - подоцна ќе биде исклучен
Ситев само што се оженил. Раскажува што ќе му биде нјатешко:
Да сум одвоен од луѓето на кои сум навикнат и да ги оставам навиките. Ќе бидеме насочени само кон една цел - мисијата. Нема да гледаме зајдисонце, изгресонце, нема да почуствуваме дожд - 18 месеци. Ќе биде тешко.
По 250 дена, тројца од астронаутите ќе симулираат слетување на Црвената планета. Другите тројца ќе ги чекаат на вселенското летало еден месец. Целата комуникација со Земјата ќе биде преку електронска пошта, со застој од 40 минути, како при вистинската мисија.
Лекарот Александар Суворов со други научници ќе ги надгледуваат астронаутите:
Ќе утврдиме колку храна и други работи им се потребни, дали меѓународниот екипаж е компатибилен, како луѓе од различни култури, со различна обука, може да најдат заеднички јазик во исполнување на задачите.
Марс 500 е трет експеримент од овој вид досега. Според планот, астронаутите конечно ќе излезат од капсулата кон крајот на ноември 2011-та.