Линкови за пристапност

Почина поранешниот диктатор на Панама Мануел Нориега


Контроверзниот политичар долго време мина во затвор за убиства на политички опоненти

Поранешниот диктатор на Панама Мануел Нориега, чие време на власт го одбележа со корупција и насилство, почина на 83-годишна возраст.

Претседателот на Панама Хуан Карлос Варела, преку Твитер порача дека смртта на Нориега „затвора поглавје во нашата историја“ и оти неговото семејство заслужува да биде погребан во мир.

Нориега се наоѓаше на болничка нега од неколку операции по отстранување на туморот на мозокот на почетокот на годинава.

Пред да биде ослободен во домашен притвор за да се подготви за хируршките процедури, Нориега беше осуден на затворска казна за корупција и убиство на политички опоненти во време на неговиот режим меѓу 1983-та и 1989-та.

Нориега беше сменет од власт по инвазијата на САД во 1989-та, по што беше осуден за вмешаност во продажба на дрога. Потоа беше екстрадиран во Франција да отслужи затворска казна за перење пари, пред да се врати во Панама во 2011-та, за понатамошно одлежување на затворската казна.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG