Иранскиот претседател Махмуд Ахмединеџад за време на говорот во генералното собрание на ОН остро ги критикуваше САД, Израел и Западот, обвинувајќи ги за провоцирање војни, промовирање глобална дисхармонија и ширење на „тоталитаризам“.
Ахмединеџад исто така ги обвини, како што рече, „арогантните сили“ на Западот кои предизивикаа глобална рецесија и социјална нерамноправност.
За време на обраќањето, делегациите од САД, Франција и повеќе десетина држави го напуштија генералното собрание.
Како и во претходните излагања во Светската организација,
Ахмединеџад повика на реформи во рамки на ОН за моќта и влијанието на Западната оска. Тој рече дека западните сили ги искористиле терористичките напади од 11-ти септември како изговор за лансирање „напади“ врз Ирак и во Авганистан.
Иран е во лоши односи со администрацијата на Обама и со европските влади околу контроверзната ролја на иранската нуклеарна програма на Иран. Ахмединеџад честопати ја користи меѓународната сцена за повик за намалување на западното влијание по теми од глобална загриженост.
Говорот на иранскиот претседател доаѓа во време кога стотици демонстранти протестираа во близина на ОН во Њујорк, изразувајќи несогласување со присуството на Ахмединеџад на Генералното собрание на ОН.