Линкови за пристапност

Иванов во Атлантскиот совет: Македонија и НАТО си требаат еден на друг


Иванов во Атлантскиот совет: Македонија и НАТО си требаат еден на друг
Иванов во Атлантскиот совет: Македонија и НАТО си требаат еден на друг

Тој потсети дека членството на Македонија е дел од политиката на отворени врати на Алијансата – стратешки концепт што беше усвоен на Самитот во Лисабон.

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов ја започна еднонеделната посета на Вашингтон во Атлантскиот совет, каде се сретна со одборот на директори на оваа институција. Иванов говореше за стратешката определба на Македонија за евроатлантска интеграција во НАТО. Тој потсети дека членството на Македонија е дел од политиката на отворени врати на Алијансата – стратешки концепт што беше усвоен на Самитот во Лисабон.

„Желбата за членство во НАТО е фактор кој го обединува целото македонско општество, независно од етничката, верска и политичка припадност. За тоа зборува и фактот дека над 90 отсто од македонските граѓани го поддржуваат членството на Македонија во Алијансата“, рече шефот на македонската држава.

За Иванов, не само на Македонија и` треба членство во НАТО, туку и на НАТО и` е потребна Македонија како членка.

Иванов ги оцени односите меѓу Алијансата и Македонија како партнерски затоа што се темелат на взаемна доверба и се со нагорен тренд.

„Се надевам дека наскоро ќе кулминираат со нашиот заслужен влез во НАТО“, рече Иванов.

НАТО-претставници повеќепати имаат повторено дека Македонија ќе стане членка на НАТО веднаш откако ќе биде решен спорот околу името со Грција.

Во обраќањето пред првите луѓе на Атлантскиот совет, македонскиот претседател укажа на фактот дека во моментов Македонија е еднаква по обврските со сите земји-членки на НАТО, но не и по правата и привилегиите што ги носи членството во Алијансата. И сето тоа, како што нагласи – поради еден ирационален спор.

„Силно веруваме дека низ дијалог, со зајакната доверба и подобро разбирање, ќе дојдеме до заемно прифатливо решение“, оцени Иванов.

XS
SM
MD
LG