Скопскиот Кривичен суд денес на две години затвор го осуди поранешниот прв македонски разузнавач, поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Слободан Богоевски, кој, според судот, е виновен за малверзации при продажбата на земјиште кај спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје.
Сите обвинети кои беа уапсени во полициската акција „Агент“, се осудени на затворски казни: адвокатите Васко Томановиќ и Владимир Пешликовски, на три, односно две години затвор, словенечкиот државјанин Митја Балиќ, претставник на словенечката фирма „Меркатор“, беше осуден на две години во отсуство, а Даниела Трајковска и Ален Јегени добија условни казни. Тие беа обвинети за злоупотреба на службената положба и овластување, за перење пари и други приноси од казниво дело, за фалсификување исправа, и за употреба на исправа со невистинита содржина.
По осум месеци минати во притвор, Кривичниот совет реши на осудените притворот да им биде укинат до правосилноста на пресудата, а како гаранција дека нема да избегаат, им ги одзеде патните исправи. Според пресудата, осудените ќе треба да ја платат и штетата од околу 850.000 евра, за кои Обвинителството тврдеше дека се заработени преку злоупотреба на службената положба и со перење пари.
Адвокатите на обвинетите најавија жалба на пресудата, зашто сметаат дека нивните клиенти немале незаконски дејствија.
Полициската акција „Агент“ која предзвика медиумско внимание и реакции во јавноста, беше изведена во април, кога МВР тврдеше дека обвинетите, користејќи го раскинувањето на договорот за доделување на градежното земјиште на користење, што во 2000-та година го потпишале Министерството за урбанизам и градежништво и фирмата „Централ Балкан инвестмент ЦБИ“ од Никозија, Кипар, направиле фиктивни договори меѓу дел од нив и фирми во нивно владение, за наводно посредување за раскинување на договорот, и со тоа прикривале незаконски стекнати средства.
Сите обвинети во текот на постапката негираа дека ја злоупотребиле службената положба и переле пари, и тврдеа дека продажбата на државниот имот е легална. И екс-разузнавачот Богоевски беше дециден дека обвинувањата се неосновани, без елементи за делата за кои е обвинет и без податоци за наводната оштетена страна.
Случајот за кој се осудени шестемина од акцијата „Агент“ датира уште од пред 13 години, кога е продадено државно земјиште со површина од 19.000 квадратни метри.